ФОТО: Избегајте од магливот град на сончевата Скопска Црна Гора

Додека Скопје се гуши во магла, на кратко избегнавме од бетонската џунгла и побаравме чист воздух и сончеви зраци на падините на Скопска Црна Гора.

planinasonce

Возејќи низ селата во овој регион бевме разочарани, маглата во утринските часови и и нив ги имаше прегрнато. Но, како што се качуваме на повисоко почнавме да ги гледаме сончевите зраци, а сивилото беше поретко.

manastirkalesonce

Дабова шума, мирис на дрва, на трева, на кал, сонце кое силно бликаше, тоа не’ пречека вчера на Скопска Црна Гора. На кратко избегавме од маглата која со недели не’ гуши, и во недопрената природа на планината, надополнета со мирот на локалните манастири, сфативме дека на само дваесетина километри од центарот на градот се крие мал рај, кој вреди да се посети.

manastirsonce

На речиси 600 метри надморска височина градот не се ни гледаше, чиниш е замотан во бела памучна обвивка.

skopjemagla

Нашето патешествие беше кратко, но доволно за да ги наполниме батериите, да се израдуваме на сончевите зраци сред јануари, да заборавиме на маглата и сивилото во градот.

skopjemagla33

Додека ги посетувавме манастирите ја дознавме и интересната легенда за името на планината. Според една од мештанките, оваа планина порано се викала Света Гора, бидејќи имала голем број на мали цркви каде кога била забранета  вера, селаните успешно ја сочувале. Кога почнале да се градат манастирите, а има околу десетина, дошле голем број на монаси, и од нивните мантии, гората поцрнела, па затоа почнале да ја викаат Скопска Црна Гора.

manastirslikasoncesenka

Па, затоа, уште од сега почнете да го планирате вашето бегство од градот следниот викенд, уживајте во она што го нуди планината, во мирот, во мирисот, во сонцето…

skopjemagla22

 

soncemanastir

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.