ФОТО:Изгоре дел од историското норвешко село Лердал

Интензивен пожар уништи триестина дрвени куќички во преубавото норвешко село Лердал. Од пламените со повреди се здобија 90 лица.

Голем број луѓе беа евакуирани од историското норвешкото  село Лердал, познато по зачуваните дрвени куќи од 18 и 19 век.  Во пожарот, кој почнал во еден приватен дом во саботата  целосно изгореле триесетина куќи.

Повредените се хоспитализирани, за среќа, нема жртви.  Две лица се водат за исчезнати.

A ruined building in Laerdalsoyri, southern Norway, 19 January

Во гасењето на пожарот помагале и фармерите, со цел да го спасат своето село Лердал во кое живеат 1150 луѓе,  а кое се наоѓа на  фјордот Соњефјорд.

Поради пожарот  во прекин се комуникациите со градот, а локалната болница веќе јавила за недостиг од лекови и средства.

Селото Лердал е светски познато по тоа што целосно е  изградено од дрво. Црквата и сите останати објекти се направени од дрво, и се стари повеќе стотици години.

Лердал е вистинска атракција за туристите.