среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

ФОТО: Изградено ново училиште во радовишко Покрајчево

Инвестицијата е вредна 4.700.000 денари.

spiro-radovis

Последни вести

Во радовишкото село Покрајчево денеска свечено беше пуштена во употреба новата училишна зграда на подрачното општинско основно училиште „Орце Николов“, каде настава посетуваат 21 ученик.

Изградено е на 134 квадратни метри и има три училници и санитарни јазли. Инвестицијата е вредна 4.700.000 денари.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека пред девет месеци на тоа место беше поставен камен-темелникот за изградба на новата училишна зграда, а веќе денеска, како што рече, се отвора современ објект во кој учениците ги имаат сите услови за нормално одвивање на редовната настава.

– Ако пред некој ден отворавме училиште за 500 или 600 ученици во населбата Кисела Вода во Скопје, денеска отвораме училиште за 21 ученик во село Покрајчево, што за нас е основна интенција и начин да ги поддржиме општините и да ги поддржиме помалите населени места преку изградба на што поголем број училишта. Ова е само потврда дека како Влада продолжуваме да инвестираме секаде и во соработка со општините, каде што навистина имаме потреба да ги задржиме нашите граѓани во своите родни места, рече Ристовски.

spiro-radovis2

Тој истакна дека како министерство се задоволни од соработката со Општина Радовиш, бидејќи ова е четврто училиште, односно капитален објект, што се пушта во употреба.

– Истовремено, како Влада имаме инвестирано во комплетна изградба на нова спортска сала во рамки на проектот за изградба на 145 спортски сали. Како Влада и како Министерство ќе продолжиме со поддршка на општина Радовиш, додаде Ристовски.

Градоначалникот на Радовиш Сашко Николов истакна дека е задоволен од поддршката која ја добиваат од Владата и од Министерството за образование и наука бидејќи, како што рече, од темел се изградени четири училишта, како и нова спортска сала во ООУ „Крсте Петков Мисирков“.

– Имаме и изградба на мултифункционални терени во рамки на ООУ „Никола Карев“ и гимназијата во Општина Радовиш и навистина немаме сегмент од образовниот систем каде што можеме да кажеме дека ни е слаба алка или недостаток. Нам ни останува само ова понатаму да го надградуваме и да го сочуваме, рече Николов.

Најчитани вести