ФОТО: Изложба на најдобрите фотографии за Скопје

Во Изложбениот салон на Културно информативниот центар-Скопје, синоќа беше отворена Изложба на фотографии од Конкурсот за избор на најдобра фотографија, со мотиви од Скопје, како за наградените, така и за фотографиите кои влегле во потесниот круг на избор од конкурсите  во 2013 и  во 2014 година

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во рамки на отворањето на изложбата  на авторите на најдобрите фотографии им ги врачи наградите, а на сите учесници на Конкурсот им додели признанија.

Прва награда – за 2013 година Зоран Ефремоф

Втора награда –  за 2013 година Дарко Цветановски

Трета  награда – за 2013 година Влахо Бранѓолица,

За тековнава 2014 година добитници  се:

Прва награда – Зоран Ефремов

Втора награда – Ламбро Патче

Трета  награда – Зоран Ефремов

На Конкурсот можеа да учествуваат професионалци, аматери и деца,  согласно со утврдените критериуми, односно со  фотографии кои се снимени во која било  од општините кои се на територијата на градот Скопје и во кој било  временски период на едно деноноќие и во која било сезона на годината.

Stitched Panorama Skopje pano I-vo 2013 Stitched Panorama SONY DSC Za III mesto 2013