ФОТО: Ја претрча Америка за 114 дена

Американецот Патрик Свини ја претрчал Америка за 114 дена од Западниот до Источниот брег.

Тој ги освои симпатиите на јавноста откако истрча вкупно 5.500 километри од Лос Анџелес до Бостон.

Свини трчал за да собере повеќе пари за хуманитарната организација која промовира трчање кај децата.

Тој минал низ целта на Бостонскиот маратон, на кој трчал три пати. За епското патување му биле потребни 114 дена. Тој често трчал и целосно бос.

-За време на патувањето наидував на многу ѓубре, но и на некој дијамант. Мислам буквално. Покрај патот пронајдов свршенички прстен со дијамант, рекол Свини.

Налетал и на маж кој му вперил пиштол во глава.

-Прво слушнав истрел, а кога се свртев, тој држеше пиштол вперен во мојата глава. Можеби сакаше да ме предупреди бидејќи трчав во близина на неговата куќа, вели тој.

Свини по пат спиел во автомобилите на неговите пријатели кои го следеле. Тој на социјалните мрежи водел дневник од патувањето со фотографии.