Македонија

ФОТО: Јагуновце ќе добие нова полициска станица

ФОТО: Јагуновце ќе добие нова полициска станица

Полициското одделение во Јегуновце за девет месеци ќе добие модерен и современ објект, изграден согласно највисоките градежни стандарди и трендови, со максимална функционалност и репрезентативен изглед.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили и државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска, денеска присуствуваше на поставувањето на камен темелник за изградбата на новиот објект.

1Jegunovce12

Новиот објект на ПО Јегуновце лоциран во кругот на истоимената општина, ќе биде со вкупна површина од  450 метри квадратни од кои 211 метри квадратни во приземје и 238 метри квадратни просто на кат, а неговата вредност изнесува 19.311.500 денари.

2Jegunovce11