Македонија

ФОТО: Јанко Илковски денеска ги посети Чуварите на демократијата

ФОТО: Јанко Илковски денеска ги посети Чуварите на демократијата

Граѓаните кои веќе неколку дена кампуваат пред Собранието на Македонија со цел на како што велат тие чување на демократијата денеска беа посетени од страна на новинарот Јанко Илковски кои им донесе разни намирници.

Лицата, во понеделникот вечерта го поставија кампот во паркот Жена борец и велат дека се тука за да ја чуваат демократијата и изборната волја на граѓаните.

Во изминативе неколку дена тие беа посетени од бројни јавни личности кои им носеа намирници, а со дел од нив реализираа и панел дискусии.