ФОТО: Јапонец и неговата џиновска желка

Жителите на Токио споделија со остатокот на светот фотографии од своите симпатични соседи во прошетка – постар Јапонец и неговиот миленик, африканска џиновска желка.

Околните жители веќе се навикнале на овие симпатични другари кои полека, нога пред нога, уживаат во прошетката и друштвото.

zelka1

Судејќи по големината, желката има приближно ист број години како и нејзиниот двоножен пријател.

zelka2

Изгледа дека мистериозните другари долго време се заедно, а сопственикот дури има и некои интересни костими за својот оклопен пријател.