Фото: Кај Клиника се прават најмногу сообраќајни прекршоци

Најчесто пријавувана локација на која граѓаните преку проектот „Пријавете сообраќајна контрола“ е онаа кај главниот влез на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потоа следуваат улиците покрај трговските центри Веро и Сити Мол, изјави за Нетпрес, Марија Јаковлеска, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

IMG_20140724_153411

На страната на МИнистерството за внатрешни работи има апликација која доколку ја кликнете ќе ви се отворат две полиња во кои во едното треба да ја напишете вашата маил адреса, а во следното да ја наведете локацијата и прекршокот кој е направен. Потоа МВР ги препраќа овие забелешки од страна на граѓаните до сообраќајната полиција која врши увид на лице место. Доколку една иста локација се појавува по неколку пати во барањата, екипите на МВР, прават почеста контрола.

IMG_20140724_154459

„Од почетокот на проектот кој беше на 28 јули, па се до крајот на минатата недела примени се 120 пријави. Во текот на вчерашниот ден стигнати се повеќе од 25 нови пријави. Прекршоци кои најчесто се пријавуваат се несоодветна брзина, непочитување на сообраќајните знаци, непрописно паркирање…“, вели Јаковлеска.

IMG_20140724_154517

Кај Клиничкиот центар најчести казни се за вртење на непрепосно место, поточно кај главниот влез на центарот, како и за паркирање меѓу автобуската станица и влезот на Клиниката. Пријавите за кај Веро Центарот се поради паркирање на пешачки премини и зелени површини.

IMG_20140724_154559

„На први август направена е контола кај булеварот Партизански Одреди и улицата Манапо кај Сити Мол. Изречени се 9 мерки и тоа 3 за платен налог, едена за напрописно паркирање, како и пет за неносење на заштитна кацига. На 6 август на булеварот Александар Македонски имаме повеќе пријави за неприлагодена брзина, односно пријавените лица возеле побрзо од дозволеното, два дена подоцна во Тетово има пријави за возачи од село Брвеница до Тетово кои возеле повеќе од дозволеното, изречени се 16 мерки, меѓу нив едно лице е казнето и за разговарање на мобилен телефон додека управувало во возило, а кај едно лице било утврдено дека возачката дозвола му била истечена“, вели за НетПрес, Јаковлеска.

IMG_20140724_154607

Таа додава дека проектот фиункционира на целата територија на Република Македонија, а најмногу прекршоци, според нивните информации се прават во Скопје.

IMG_20140724_154613

Јаковлеска на крај додаде дека откако екипите на МВР ќе извршат контрола на одредена локација по барање на граѓанин, извештајот од контролата во која е опишана затекнатата состојба му се испраќа на поднесителот.

IMG_20140724_154815