ФОТО: Како да ја уредите вашата градина?

Познатиот поет Пабло Неруда, во една пригода напишал: „Можете да ги искинете сите цвеќиња, но нема да спречите да дојде пролетта“. И навистина, ако се земе предвид колку зеленило недостига во урбаните средини, не е ни чудо што секој слободен момент сакаме да го поминеме опкружени со зеленило и природа. Зелените оази, денес како никогаш до сега се сведени на балконски оази, тераси и градини.

Се’ повеќе расте популарноста на урбаните градини, а благотворното дејство што го имаат билките на нашата психа не може да се занемари. Затоа оваа сезона обидете се да го исчистите својот балкон и да го претворите во место за одмор и релаксација. Бидејќи екстериерите всушност се продолжение на нашиот ентериер, би било пожелно да раскажуваат иста приказна како и просторијата на која се надоврзуваат. Ако вашиот дом е рустикален, и терасата нека биде таква, а модерен балкон, на пример, нека се надоврзува со модерна кујна. Стилското надополнување не се однесува исклучиво на изборот на мебел за градина, туку и на изборот на детали и материјали.

 

 

2 3

Плочките, оградата, па дури и изборот на билки нека бидат во склад со доминантната тема. Бидејќи сепак се работи за отворен простор не претерувајте со декорации за да си го олесните животот во случај на невреме, а внимавајте и со изборот на материјали. Со оглед на тоа што  мебелот во градината е изложен на надворешни влијанија, тој треба да биде направен посебно за таа намена.

Мебелот од материјали како што се бамбусот и ратан, добри се за затворени балкони, а за градина и тераса изберете мебел од железо или дрво кои се премачкани со посебни средства за премачкување кои им го продолжуваат векот на траење. Премачкувањето треба да се повтори од време на време, во зависност од видот на дрвото.

На минималистички и едноставно уреден дом му треба исто таква градина. За да ја избегнете монотонијата, одберете некои бои кои никогаш не би ги користеле во ентериерот.

4

Ако  плочките и мебелот во градината ви се сиви, ставете украсни перници во жолта или портокалова боја. Рустикалните градини ќе изгледаат посебно ако додадете мотиви на срце, но и карираи стара дрвена количка, стар велосипед со кошници полни со цвеќе.ни текстилни примероци, а добредојдени се и куќички за птици. Убаво ќе се вклопи и стар велосипед со кошници полни со цвеќиња.

tocak

6

7 9

10

11

 

 

12

13


15