ФОТО: Како изгледа Дарко Шариќ? Правел пластична операција за „ново лице“ или не?

Уапсениот наркобос Дарко Шариќ, денеска, бил идентификуван во блеградксата полиција.

Различни информации објавуваат српските медиуми околу тоа дали Шариќ направил пластична операција и го изменил својот лик, или пак не.

Според весникот „Блиц“, најбараниот балкански наркобос не подлегнал на естетска хируршка интервенција, но од друга страна пак, весникто „Курир“ пишува дека тој сепак изгледа многу подмладено на новите фотографии.

„Извршена е идентификација. Шариќ изгледа исто, не направил пластична операција, и се гледа дека е во одлична физичка форма“, објавува „Блиц“ изјава на неименуван сопствен извор во српското МВР. 

darko-saric1

„Судејќи според фотографиите, Шариќ видно го сменил својот изглед, и делува значително подмладено. Уапсениот наркобос, во текот на бегството во кое се наоѓа од 2010 година, од кога и датира и меѓународната потерница по него, најверојатно се изложил на естеттска хируршка интервенција и добил ново лице“, пишува „Курир“.

Инаку денеска вест број еден на Балакнот е дека во Јужна Америка е уапсен Дарко Шариќ, од каде преку Црна Гора, со авион бил донесен во Белград. Во српската престолнила бил извршена негова идентификација и бил сослушан во Специјалниот суд.