ФОТО: Како изгледа најстарата внука на Џеки Кенеди

Таа го налседи презимето Кенеди, но и единствената убавина и препознатливиот стил.

Роуз Кенеди Шолзберф потекнува од политичката династија – таа е најстарата внука на некогашниот претседател на САД Џон Кенеди и на првата дама Џеки Кенеди, а ќерка на американската амбасадорка во Јапонија Керолајн Кенеди и на дизајнерот Едвин Артур Шлосберг.

dzeki-kenedi-2

Таа израсна без многу помпезност, подалеку од фотографите и светското внимание, но сличноста со нејзината баба неможеше никој да не ја забалежи.

Оваа 27-годишна девојка покрај огромната физичка сличност со баба и’, исто така го негува и единствениот стил и фризура што беа карактеристични за Џеки со години. Станува збор за паж фризурата што стана заштитен знак за некогашната прва дама.

Роуз деновиве се најде во центарот на вниманието поради улогата во интернет серијата „End Times Girls Club“, која што таа ја осмисли и ја сними заедно со пријателката Мара Нилсон – Гриберг. Станува збор за комедија што им помага на жените да ја пребродат апокалипсата.

dzeki-kenedi-2-2

Роуз беше мошне блиска со нејзината баба. Џеки често ја чувала, ја водела на игралиште и во музеи се до нејзината смрт во 1994-тата година кога Роуз имаше само 5 години.

Роуз доста вложи во сопственото образование. Посетуваше часови по глума, дипломираше англиски јазик на Харвард во 2010-тата година, а има мошне истенчена смисла и интерес за модата.

Роуз има сестра и брат. Таа го добила името по нејзинаната прабаба, мајката на Џон Кенеди.