ФОТО: Како изгледа новата банкнота од 50 евра

На новата банкнота од 50 евра е истакнат ликот на божицата Европа, а експертите велат дека оваа банкнота нема да може да се фалсификува. Ќе биде пуштена во оптек од април следната година.

Европската централна банка вчера ја претстави новата банкнота од 50 евра што би требало да ја замени досега најчесто фалсификуваната банкнота.

Новата банкнота има подобрени безбедносни карактеристики и прозорец што кога ќе се сврти кон светлина станува транспарентен.

Germany New Euro Banknote

Секоја банкнота ќе има животен век од 4 години и нејзината изработка ќе изнесува помеѓу 6 и 10 евроценти. Во последните 15 години, за три пати е зголемено користењето на апоени од 50 евра, при што моментално во оптек се над 8, 5 милијарди банкноти, што укажува на стабилниот раст на користење на готовина во земјите како што се Германија и Австрија, каде голем број потрошувачи се скептични во електронскиот начин на плаќање што може да се следи.

Просечен Германец во секој миг има околу 100 евра во паричникот, а околу 80 отсто Германци и Австријци сеуште плаќаат во готовина, според проценките на германската централна банка.