Фото: Како изгледа спортскиот центар Јане Сандански

Друштвото за спорт и рекреација – Спортски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ кои се наоѓаат во Општина Аеродром, денеска свечено беа отворени, пишува порталот Курир.

Арената, односно централната сала со капацитет од 6.500 посетители ќе биде свечено пуштена во употреба, како и хотелот „Русија“, а ќе се отвори и помошната спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресниот центар.

Дополнителните спортски капацитети планирани се да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, а тоа се тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.

vnatre

Над 60 македонски компании, пет странски, како и околу 1.600 работници учествуваа во изградбата на Спортскиот центар, а целиот проект беше завршен за 16 месеци.

Хотелот „Русија“ ќе располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.

vnatre-1

Проектот е изграден со јавно приватно партнерство на компанијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и Општина Аеродром.

vnatre-2

vnatre-3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.