Џени Луис, уметник од Велика Британија и мајка на две деца создаде еден интересен. а пред се емотивен проект.
Таа фотографирала мајки со своите деца стари по неколку часа и така настанале уметнички дела кои со себе носат многу емоции. Проектот се вика „Еден ден стар“.
– Бидејќи и самата родив две деца, свесна сум за неверојатните промени кои мајчинството ги носи со себе. Сакав да ја овековечам првата, исконската емоција. Помислив дека и сама би сакала да видам такви фотографии. Низ овие фотографии сакав да искажам поддршка, сила и да ги уверам жените кои, кога ќе станат мајки, ќе почувстуваат животна радост, голема трансформација и безусловна љубов – вели уметницата.
Како што вели, апсолутно уживала додека ги фотографирала мајките и нивните новородени бебиња и присустувала на прекрасна енергија.