Фото: Како изгледале оргиналните карти за патувањето со Титаник?

Да се купи карта за првото, но и последно патување со Титаник било вистински престиж.

Титаник своевремено беше најголемиот патнички прекуокеански брод на светот. Се веруваше дека не може да потоне, а да се купи карта за неговото прво патување било знак за престиж.

Цените на билети за апартманите во првата класа чинеле повеќе од 60.000 долари тогаш околу 870 фунти. Цените за „обичните“ карти во првата класа чинеле 3.000 долари. Во втората класа можело да се патува за околу 1.000 долари, а билетите за третата класа можело да се купат за околу 200 до 700 долари.

kar.jpg500

Во текот на своето прво патување, бродот удрил во санта мраз на 14 април 1912 година. Потонал два часа и четириесет минути подоцна. Во трагедијата настрадаа повеќе од 1.517 луѓе, што е една од најголемите поморски катастрофи.

Титаник користел најсовремена технологија, достапна за тоа време, но сепак тоа не било доволно.