ФОТО: Како ли успеа да ја освои?

Дарен Донахи пред извесно време стапил во брак во Кејт Кеткарт со која заедно биле 8 години, а имаат и двегодишен син. Сепак никој не верува дека тие двајца се пар, па Дарен се соочува со ситуации кога на неговата сопруга и се додворуваат други мажи пред него.

-Со години ме прашуваат како успеав да ја освојам. Воопшто не е невообичаено да и се приближат мажи и да почнат разговор со неа додека сме заедно, мислејќи дека нема шанси таа да има нешто со мене. Кога одиме на шопинг, на прошетка, добивам чудни погледи кои знам што значат, вели Дарен.

Убавата Кејт, пак, вели дека го сака премногу.

-Како што повеќе луѓе знаат, изгледот не е пресуден, нели. Ние се шегуваме поради тоа постојано, додава Кејт.

2

3

4

5