Фото: Како манипулираат со бројки опозициските медиуми?

Опозициските портали финансирани од СОРОС уште еднаш се фатени на дело за тоа како манипулираат со бројките околу денешниот протест на хонорарците поради измените на Законот за придонеси, кој минува со далеку помал одзив од очекуваното, објавува Курир.

Опозицискиот портал Нова ТВ на дело е фатен како ги менува бројките околу присутните луѓе на протестот. Сајтот на Борјан Јовановски првично објави текст во кој стоеше дека околу 500 луѓе од разни професии протестирале поради измените во законот за хонорарци пред Влада.

nad500-455x630

Само неколку минути подоцна, бројката од 500 лица магично порасна на 2000 до 3.000 луѓе. Овие фотографии претставуваат јасен доказ за тоа со какви манипулации се служат соросовите портали во обидот да ја извртат реалноста и да прикажат што е можно поголема масовност.

nova3000-460x630

После ова, се поставува прашањето дали причината за бројката на присутни на протестот драстично да се зголеми за дури шест пати следела по “воспитната“ од партискиот центар кој диктира што да објавуваат опозициски портали? Инаку, ова не е првпат соросовите портали да манипулираат со бројката на присутни на протестите, бидејќи истото се случуваше и за време на студентскиот протест.

Тогаш, обидот на Бранко Героски да изманупулира со бројката од 18.000 студенти за масовност на студентскиот протест беше директно демантирана од никој друг, туку токму од НОВА тв и Борјан Јовановски, кои пишуваа дека маршираат меѓу 2.000 и 3.000 млади луѓе кои се засегнати од последната реформа на Министерството за образование и наука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.