ФОТО: Како СДСМ подготвуваше изборни нерегуларности

Бланко документи за наводни изборни неправилности СДСМ во повеќе копии дистрибуирале до членовите на избирачките одбори при спроведување на сценариото диктирано од партиското седиште, објавува порталот „Курир“.

Во бланко пријавата членовите треба само да го внесат своето име и бројот на избирачко место, а пропустот е веќе „согледан“ од одговорните во СДСМ- „повеќе лица дојдени со неважечки лични карти на кои и покрај укажувањата некој им дозволил да гласаат“.

Во овој документ јасно се гледа дека СДСМ најмалку еден ден пред изборите „знаеле“ какви неправилности може да се случуваат на изборниот ден, што само потврдува дека СДСМ се подготвуваше за црно изборно сценарио, кое сепак заврши неуспешно.

fotooo1