ФОТО: Каква порака му упати Заев на Хан преку Саше Политико?

Голема е нервозата и разочарувањето во опозициските редови по вчерашниот срам кој Заев и го приреди на својата партија. Опозициските експоненти, како што пишуваат дел од медиумите, добиле насоки од раководството на Бихаќка да се оди со директна дискредитација на Јоханес Хан и навреди кон него.

За таа порака на Заев сосема очекувано задолжен бил Саше Политико.

sashe-politiko-za-han

Дека на бродот на СДСМ веќе одамна не се гледа палубата потврдуваат и луѓе кои се дел од самата партија.

Ивор Мицковски на Facebook, го обвини раководството на СДСМ дека го уништило опозиционерството.

mickovski-1

Press24 веќе објави дека и членови на самото раководството на СДСМ вчера му ставиле јасно на знаење на лидерот на партијата дека ја одвел во комплетна меѓународна изолација.

Поради неговата погрешна и неодлучна политика партијата сега е во комплетна меѓународна изолација. Од многуте ветувања добивме ситуација по која веќе нема да можеме да влеземе во ниту една странска амбасада. Веќе не е ни важно кога ќе се одржат изборите бидејќи по ова вчера, на сите во партијата им е јасно каков ќе биде исходот, вели висок партиски функционер.