ФОТО: Карамбол во Канада, се судрија стотина возила

Два страшни верижни судири се случиле синоќа во Канада поради интензивните снежно врнежи и појавата на голомразица на патот.

Снежното невреме проследено во ветер предизивка масовна сообраќајна незгода во Канада во која учествувале вкупно 96 возила.

Towering Wall Of Snow Leads To Nearly 100-Car Pileup In Canada

Верижниотт  судир што се случи доцна синоќа на автопат северно од канадскиот град Торонто, соопшти локалниот полициски командир Дејв Вудфорд.

Според него причина за судирот била намалената видливост предизвикана од невремето проследено со силен ветер и снежни врнежи, што беснело во регионот во време на инцидентот.

Вудфорд нагласил дека вистинско чудо е што  при судирот, што се случил во реонот на езерото Хурон, со полесни повреди се здобиле само три лица.

Поради снежното невреме неколку автопатишта во југозападниот дел на канадската провинција Онтарио синоќа беа затворени за сообраќај.

Неколку камиони до доцна во ноќта работеле на расчистување на хаосот.

Во југозападниот крај на Онтарио се случил уште еден карамбол во кој учествувале 30 возила, а лентата со судрените автомобили била долга два километри. Во несреќата животот го загубил мотоциклист, а неколку се здобиле со повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.