ФОТО: Карлеуша оживеа бајка за роденденот на ќеркичките

За да им го разубави роденденот на своите девојчиња, пејачката Јелена Карлеуша ја оживеа нивната омилена бајка во една од белградските игротеки.

Никој не умее да се радува искрено како децата. А доколку нивните родители сторат се за да им ги зголемат причините за радост, тогаш нема поголема среќа.

Токму тоа се случи кога Јелена Карлеуша (37) и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Томиќ (30) во детската игротека „Дримленд“ во Белград со раскошна прослава го одбележаа роденденот на своите ќерки кои се родени на 7. септември. Помалата ќеркичка Ника напони 6, а поголемата Атина 7 години. Атина имаше уште еден повод за прослава – тргна на училиште.

Немаше шанси да го пропуштам роденденот на своите ќерки. Буквално дојдов на паузата помеѓу двата тренинга и веднаш по прославата се враќам во Истанбул, рекол Душко.

Горда сум како мајка и сопруга, рекла Јелена.

Гордата мајка се потруди роденденската прослава да ја направи бајка за паметење. Се беше во знакот на Елза и Ана, хероини од анимираниот филм „Фроузен“, кои славеничките ги обожуваат.

За прекрасниот ден на наследничките на овој брачен пар биле ангажирани актери, кловнови, магионичар, жонглери и маскоти со омилените ликови на децата.

На роденденот на двете девојчиња дошле педесетина дечиња од градинка и училиште.

Тие две имаа само една роденденска желба. Навистина се скромни и не бараа буквално ништо друго – да дојдам на роденденот. Јелена беше задолжена за целата организација и како што гледате дури и нив возрасните останавме без здив, вели Душко.

Нашите деца претставуваат вистински пример за добро воспитување и нега. Не се размазени, туку скромни, знаат да ценат и почитуваат други, да кажат благодарам и да ги слушаат повозрасните. Атина тргна на училиште и веќе покажува фантастични резултати. Иако уште оди во градинка, Ника веќе црта и пишува. Па, како да не ги наградам со прослава за паметење? Го заслужија тоа со работа и труд. За мене нема поголема награда од тоа да ги видам своите деца среќни и насмеани, додала Јелена.

r1

r2

r3

r4

r5

r6