Магазин

ФОТО: Карневалско лудило во Струмица

ФОТО: Карневалско лудило во Струмица

Традционално, пред Прочка, во Струмица се живее во духот на карневалот, креативни маски и неверојатна забава на улиците.

Синоќа, на главната вечер, над 2.500 живописни маски од 40-ина групи од Македонија, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Албанија повторно донесоа карневалска магија по улиците на градот под Царевите кули.

Интернационалната поворка ја проследија илјадници посетители од земјава и регионот, а главниот дел од традиционалниот „Струмички карневал“ продолжи со целовечерна забава. Струмичките улостители, рестораните и кафулињата уште еднаш беа горди домаќини на реки од насмеани и маскирани луѓе.

ФОТО: Киро Попов, Утрински весник