(ФОТО) Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР

11990

Додека Министрството за внатрешни работи го истражува случајот за користење на службено возило во приватни цели, НетПрес од свои извори дознава дека со лускузниот теренец „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” во Грција во моментов на летување е ќерката на висок полициски фунцкионер со нејзините другарки.

Според нашиот извор, станува збор за ќерката на директорот на Бирото за јавна безедност (БЈБ), Лазо Велковски, којашто заедно со уште четири девојки со службеното возило коешто го должи таткото летува во кампот „Евридики“.

Изворите, исто така, наведуваат дека поседуваат фотографии, како и дека можно е џипот да го управувал службен возач од министерството, но и дека девојките можеби самите се возеле до Грција.

Едно од прашањата коишто вчера ги упативме беше: И дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото? Од министерството одговорија дека „Возилото (…) е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството“, но не и каде во моментов се наоѓа џипот и кој во моментов се служи со него.

Одговрено, исто така, ни беше дека за користењето на службеното возило ќе бидат известени соодведните органи во структурата на министерството коишто ќе го истражат случајот. Оттаму, се поставува прашањето како е можно МВР да не знае каде во моментов се наоѓа неговото службено возило и кој го должи, особено што станува збор, според нашите извори за еден од највисоките по ранг полициски функционери. Така, утре, недај боже, некој ќе се осмели за приватни цели да си „позајми“ оклопно возило од ресурсите на полицијата.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.