ФОТО: Ким сподели фотографија од синот

Иако постојано ги известува своите обожаватели за се што и’ се случува во животот Ким Кардашиан досега речиси и да нема споделено фотографија од нејзиниот син Сеинт Вест.

Таа деновиве сподели фотографија од шестмесечното бебе и кажа дека смета дека тој многу повеќе личи на неа отколку нејзината ќерка Норт Вест.

Kim-Kardashian-West

Сеинт е мојот близнак!, напиша таа до фотографијата.

Откако и дел од нејзините следбеници се сложија со оваа констатација Ким мораше да додаде:

Да, имаме исти очи. Дефинитивно е добар микс од нас двајцата, но повеќе личи на мене, мислам, па продолжи повторно:

Мислам дека и фотографиите на Норт кога беше бебе наликуваат на моите,  но Сеинт личи повеќе на мене, а Норт на Кание.