ФОТО: Кинеската Атлантида – подводна атракција која го одзема здивот

Потопен за да се создаде вештачко езеро некогашниот град Ши Ченг, познат како Град на лавовите, денеска е вистинска подводна атракција, која туристите ја нарекуваат „Кинеската Атлантида“.

Градот Ши Ченг, некогаш бил културен, економски и политички центар на провинцијата Зејијанг, но властите решиле во 1959 година одлучиле на ова место да создадат вештачко езеро и хидроелектрана. На тој начин бил потопен и градот стар повеќе од илјада години, сместен во источниот дел на споменатата провинција.

Денеска, повеќе од пет децении подоцна, Кинезите одлучија Градот на лавовите да го претворат во вистинска атракција за туристите нуркачи.

Ки Фенг, претставник на локалната туристичка организација, го истакнува својот став дека Ши Ченг со текот на времето ќе се претвори во вистински туристички хит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.