ФОТО: Кире и Филип Лазаров со поддршка за Барселона

Браќата Кирил и Филип Лазаров синоќа во живо навиваа на „Ноу Камп“ за Барселона.

Тие на крајот беа задоволни од победата од 3:0 на Каталонците против Баерн Минхен во полуфиналниот меч од ЛШ, па сега се на чекор до пласман во големото финале кое ќе се одржи во Берлин.

kire-500

Секако, за една недела треба да се одигра и реваншот, но треба да се признае дека Барселона има голема предност.

На крајот од мечот, секако Кире Лазаров беше задоволен од победата на Барса.