ФОТО: Ќе се гради модерен шопинг и деловен центар во Ѓорче Петров

За две години, Ѓорче Петров ќе добие современ центар и деловен и шопинг изработен по теркот на светски центри.

Емпорио бизнис центар е резултат на јавно-приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет ДОО Скопје, која е една од водечките градежни компании во  Македонија.

slikacentar3

Повеќе од дваесет години компанијата Трансмет постојано влијае на изградба на подобро окружување. Компанијата е целосно фокусирана на квалитет и професионалност, со репутација на големи проекти кое се дел од минатото, но и оние кои чекаат да бидат реализирани во иднината. Еден од идните проекти на компанијата е и Емпорио бизнис центар.

Почетокот на градбата на објекот е наскоро и ќе биде со површина околу 30 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега до главната улица Ѓорче Петров. Во рамките на зградата, која ќе биде на пет катови, ќе биде изграден и подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Се планира објектот да опфаќа 60 отсто шопинг простор и 40 отсто деловен простор.

slikacentar4

Проектот е планиран да биде завршен во 2016 години и ќе претставува современ и модерен шопинг и деловен центар.

dasdasdas

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.