ФОТО: Која е жената која ИСИС бара да биде ослободена?

Сајида ал – Ришави е жена многу важна за Исламската Држава. Станува збор за жената чија бомба не се активираше при еден од низата смртоносни терористички напади врз јордански хотели во 2005. година.

Терористите на Исламската држава ја нарекуваат „затворена сестра“ и го бараат нејзиното ослободување во замена за слободата на јапонски новинар.

Пред неколку дена ИСИС бараше од јапонските власти да исплатат 200 милиони долари во рок од 72 часа за да бидат ослободени двајцата јапонски заложници.

Сега пак бараат ослободување на Сајида ал – Ришави. Нејзе ја држат јорданските власти и во јавноста не е видена девет години. Таа на телевизија признала дека се обидела да учествува во низа терористички напади во кои загинаа најмалку 57 лица.

Во 2006. година таа е осудена на смртна казна, меѓутоа истата година во Јордан е прогласен мораториј на смртната казна.

Таа објаснила дека дека е Ирачанка која користејќи лажни пасоши со сопругот допатувала во Јордан. Токму сопругот ја учел како да го користи појасот со експлозив, а тврди и дека тој бил организатор на нападот.