Балкан

ФОТО: Која е жената поради која Ципрас стана премиер

ФОТО: Која е жената поради која Ципрас стана премиер

Претседателот на новоформираната грчка Влада, Алексис Ципрас во младоста повеќе се интересирал за спорт, отколку за политика, се додека не ја сретнал Перистера Бети Бациана.

Својата невенчана сопруга, со која живее веќе 20 години, Ципрас ја запознал во средно училиште, а подоцна заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина.

Страствениот спортист на почетокот на деведесетите го повредил коленото и тогаш Перистера го убедила да им се придружи на младите комунисти, пишуваат британските медиуми.

Тие двајца не само што станале пар, туку и воделе неколку локални комунистички протести, вклучувајќи го и оној против непопуларните реформи во образованието.

-Учениците имаат право сами да одлучуваат дали се способни да прескокнат одделение, им порачал Ципрас на учениците од едно средно училиште во Атина, охрабрувајќи ги да спијат во училниците доколку нивните барања не бидат исполнети.

Многумина веруваат дека без влијанието на Бети Бациана, Ципрас никогаш не би дошол на чело на левчарската СИРИЗА. Затоа избирачите се прашуваат дали првата дама ќе биде таа која од сенка ќе управува со земјата.

Peristera 'Betty' Batziana following her partner Alexis Tsipras, Greece's new prime minister.

Перистера не сака медиумско внимание и досега пред новинарите се појавила само неколку пати. Трошењето време на шопинг го смета за бесмислено, а не ужива ниту во долгите посети на фризер.

Ципрас, заедно со сопругата и двата сина живее во скромна населба во Атина.

Очите на цела Европа се насочени кон Алексис Ципрас, од кого се очекува да ја извлече Грција од долгови. Тој за министер за финансии го именувал Јанис Варуфакис, професор по економија и противник на договорот за мерките на штедење. Првата седница на новата Влада е закажана за денеска.