ФОТО: Колони на граничните премини

Граничен Премин Богородица

Во пресрет на празникот забележливи се колони возила на граничниот премин Богородица. Исто така долги колони има и на македонско српската граница, односно на граничниот премин Табановце.

Граничен премин Табановце
Граничен премин Табановце

Од АМСМ информираат дека на граничните премини се чека до половина час за излез од државата. Најголеми гужви има на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.