ФОТО: Контролирана експлозија на сомнителен автомобил во центарот на Лондон

Полицијата во Лондон спроведе контролирана експлозија на сомнителен автомобил паркиран пред амбасадата на Израел во центарот на Лондон, јавува „Дејли Експрес“.

Амбасадата на Израел се наоѓа на само неколку метри од палатата на кралското семејство позната како Палатата Кесингтон.

Неколку минути пред експлозијата целата област била евакуирана.