Фото: Косовски патоказ за „Голема Албанија“

Движењето „Самоопределување“ во центарот на Витине поставило патоказ до најистурените градови на таканаречената „Голема Албанија“, пренесуваат електронските медиуми во Приштина.

Патоказот, на чиј врв се наоѓа знамето на „Голема Албанија“, е идентично на она поради кое беше прекинат натпреварот Србија-Албанија во Белград, ја покажува оддалеченоста од Битине до Крф и Јанина во Грција, Улцињ во Црна Гора, Прешево во јужн иот дел на централна Србија.

Патоказот е поставен по повод Денот на знамето на Албанија.

Albanija

Приштина вчера беше обоена во црвено-црна боја, а низ градот се движеле и авотмобили од кои се вееле знамињата.

Во еден локал во Приштина било истакнато и знамето на „Голема Албанија“ со датумот 14 октмоври 2014 година, ден от кога беше одигран мечот меѓу Србија и Албанија.

Општина Приштина оваа година ја покренала инцијативата „Купувај албанско“, па на штандовите во центарот на градот биле изложени произв оди од Косово и Албанија.