ФОТО: Крајните десничари во Мадрид запалија чадни бомби во џамија

Припадници на шпанската десничарска група Општествен дом Мадрид запалија чадни бомби на влезот на џамија и седиштето на Исламскиот културен центар во главниот град на Шпанија, по смртоносните напади на Исламска држава во Брисел, пренесува МИА.

Тие на околниот мост, под кој поминува една од најфреквентните градски улици закачија транспарент на кој пишува „Денес Брисел, утре Мадрид?“.

Оваа група преку Фејсбук објави соопштение во кое тврди дека џамијата на автопатот М-30 земала пари од верниците, кои тука се молат и со нив ја финансирала ИД.

Исламскиот културен центар во Мадрид, кој се наоѓа во најголемата џамија во Шпанија денеска ги осуди терористичките напади во Брисел.