ФОТО: Кревет наместо седишта во кинотека во Москва

Една кинотека во периферијата на Москва од неодамна на посетителите наместо седишта им нуди брачни кревети, за да се создаде интимна атмосфера како во домовите.

Чисти папучи се делат пред проекцијата на филмот, постелнината се менува по секој пар, додека на масата покрај креветот посетителите имаат уште едно изненадување – пуканки!

Единствено искушение со кое се соочуваат гледачите е да не заспијат за време на филмот.

2

Ваквата идеја е применета и во Париз и Лондон.