ФОТО: Крим е рајот кој и е потребен на Русија

Крим е популарна туристичка дестинација на брегот на Црното море и секое лето е посетен од шест милиони туристи. Поради неговата атрактивност, песочните плажи и историските споменици, Крим е рајот кој Русија сака да го има за себе.

Поради стравот од руска инвазија, дури 90 отсто од туристички аранжмани се откажани.

Кнезот  Григориј Потемкин, миленик на Катерина Велика, во  1782 година се залагал  за анексија на Крим бидејќи на Русија и бил потребен тој  рај. Следната година тоа било и направено, и од тогаш,  полуостровот станал атрактивна туристичка дестинација на која летувале и Сталин, Хрушчов, Брежњев и други.

Потемкин кога го освоил  во 1784 година на градот му го дали  Севастопол  кој во превод значи „царски град“ . По негово водство градот станал еден од најсилните тврдини во Европа.

Во последно време Русија повторно ја оживува оваа идеја на Потемкин и силно го поддржува отцепувањето на Крим од Украина.

Украинското министерство за туризам го опишува Крим како едно од најубавите места на светот. Тоа го потврди и магазинот „National Geographic“ кој минатата година го стави Крим на врвот на листата на „20 места кои мора да ги посетите“ .

 

На народот Крим му е познат по Јалта и дворецот Ливадија, резиденцијата на Романови во која Черчил, Рузвелт и Сталин се сретнале за време на Втората Светска Војна и се договориле за идината на Европа. На Крим дошол и писателот Антон Павловиќ Чехов кој крајот на 19 век. Во вилата во која живеел до својата смрт ја напшал „Вишник“ и ги угостил Горки и Рахмањинов.

Сепак, и покрај сите убавини, симбол на Крим е „Ластовичко гнездо“, кое се наоѓа на осум километри од градот. Изградено по замисла на  баронот Јозеф фон Штајнгајл, германски нафтен магнат, кој сакал да му личи на замокот на Рајна.

Кризата во Украина силно ја потресе  економијата на полуостровот, а особено нејзината  најважна индустрија – туризам.