ФОТО: Кристијано Роналдо со атрактивна русокоса во Монте Карло

Португалскиот фудбалер се наоѓа на Ф1 трката за Големата награда на Монако, а друштво му прави британската манекенка Кара Делевињ. Судејќи по насмевката, Кристијано добро се забавува.

 

r1

Во саботата постигна хет-трик во победата на Реал Мадрид против Хетафе со 7:3, а веќе следното утро Кристијано Роналдо се упати кон Монако каде се одржува трката во Формула 1 во Монте Карло.

Португалецот таму пристигнал во друштво со манекенката Кара Делевињ, а најмногу се задржал пред боксот на тимот на Мекларен каде му се придружил и Фернандо Алонсо.

Неговото присуство во друштво со британската манекенка веднаш покрена лавина шпекулации дека меѓу нив нешто постои, откако Роналдо ја раскина врската со Ирина Шајк.