(ФОТО) Крв, плач и викотници во Градски парк Скопје: Симулација на сообраќајна несреќа

Сообраќајна несреќа со голем број повредени и со изгореници денеска беше симулирана во Градскиот парк во Скопје во организација на Министерството за здравство и Светската здравствена организација во рамките на двегодишниот билатерален договор за соработка за 2014/2015 година како дел од активностите за подготовка и одговор при кризни состојби.

sim 1Денеска симулацијата беше несреќа на судар на автобус со автомобил каде што има голем број повредени и еден загинат. Преку оваа вежба треба да видиме како функционира здравствениот систем во вакви ситуации. Со ваквите вежби овозможуваме вработените во здравствениот систем и учесниците во сообраќајот да се едуцираат како треба да постапуваат во ваков тип на несреќи, истакна министерот за здравство Никола Тодоров по симулираната сообраќајка.

Со оваа симулација, рече министерот, ќе се направи спојување и со податоците од последната масовна сообраќајка што се случи на патот помеѓу Велес и Штип. – Односно ќе го добиеме одговорот на здравствениот систем со реална ситуација и одговорот на здравствениот систем во симулација, рече Тодоров.

sim 2Според него со вакви вежби на најдобар начин се помага на здравствениот систем за да се подигне на повисоко ниво за побрз и поквалитетен одговор во масовни несреќи.

Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравство појасни дека целта на симулацијата е да се види каква е подготвеноста за одговор на здравствениот сектор во координација со полицијата, противпожарната бригада, Центарот за управување со кризи, Црвениот Крст и Градот Скопје.

На симулираната сообраќајка во која беа ангажирани пет возила на итната помош, едно противпожарно возило и полиција, беше укажана прва медицинска помош, тријажа, ретријажа, евакуација и транспорт на повредени.

ИЗВОР: МИА

Во сообраќајката беа повредени 20 луѓе од кои пет со потешки фрактури, четворица со повреди на екстремитети, пет со полесни повреди, едно лице со труење од чад и изгореници, две лица со коњуктивит, две лица со напад на паника и едно лице починато.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.