Секоја година на Фарските острови, протекторат на Данска, се убиваат китови поради нивното месо и маст.
Оваа страшна традиција ја фотографил американскиот фотограф, Бенџамин Расмусен од Деневер, кој го посети архипелагот ова лето за време на годишниот лов на китови. Тој вели дека татко му е од островите и дека како мал растел со месо од кит.
Тој пишува дека видел ужасни сцени, крваво море, пискот и радувањето на мажите кои упорно ги убиваат невините животни. Потоа, месото и маста се делат меѓу жителите на заедницата.
Фотографот вели дека оваа традиција, која е спектакл за островјаните, но за многумина е хорор. Но, тој верува дека оваа традиција наскоро ќе згасне, бидејќи младите генерации не се заинтересирани за убивање животни,
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.