ФОТО: Куче ора нива и сади компири

Кучето Лимон од Русија стана вистинска сензација на интернет благодарение на неговиот талент да ора, да ја собира жетвата, но и да сади компири.

kuce_limon2 (1)

Лимон бил обучен од сопственикот Александар Матицин, поранешен војник кој решил да му посвети внимание на неговиот паметен миленик по пензионирањето. Во почетокот обуката започнала со обичните команди “донеси”, како и со игри со стап, топка и фризби. Александар често  на социјалните мрежи споделувал слики со подвизите на талентираното куче.

kuce_limon1

За да не настрадаат забите на Лимон, Матицин направил контејнери со специјални гумени рачки. Покрај тоа, првиот помошник во градината, голема желба има и да носи  дрва. Друга омилена занимација на Лимон е да се лизга со санка во зима.