ФОТО: Лагите на новинарството на Заев, Кабранов и медиумите на СОРОС

Опозициските портали достигнувајќи го врвот на манипулациите, почнаа самите да се демантираат. Овој последен пример претставува класичен доказ за фабрикуваното новинарство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, неговиот новинарски послушник Ацо Кабранов и останатите опозициски медиуми кои се под финансиска капа на Соросовата фондација, објавува „Курир“.

sami

Порталот Либертас на Ацо Кабранов вчера попладне објави две крајно контрадикторни вести, преку кои верувале или не самиот се демантираше. Либертас најпрво во 19 часот објави за посетата на министерот за финансии Зоран Ставрески на Лондон, пренесувајќи ја неговата изјава дека “Финансиските зони се интересни за Британците“.

Во истата вест, во поднасловот, беше објавено дека „Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон“.

Само неколку часа подоцна, Либертас излезе со манипулативен текст „Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето“, пишувајќи дека „премиерот Груевски вчера во попладневните часови свикал седница со министрите од неговиот кабинет“.