Фото: Лекарки се сликале покрај полугола пациентка на бокс!

Скандал во Гинеколошката болница во Ниш – лекарки се сликале додека во меѓувреме полугола жена лежи на породилниот бокс.

Фотографијата била објавена на Фејсбук профилот на лекарката Сања Станојевиќ, која е специјалист по гинекологија.

По само неколку часа откако се појавила сликата нејзиниот Фејсбук профил е деактивиран, а самата Станојевиќ вели дека нејзиниот профил бил хакнат и дека без нејзината дозвола била објавена фотографијата.

Сања Станојевиќ стажирала во специјалситичката болница за гинекологија во Ниш, а фотографијата настанала додека таа работела во родилиштето во Прокупље.

На крајот во разговорот со надлежните докторката ја признала вината и најверојатно ќе биде санкционирана за прекршувањето на професионалниот кодекс.