ФОТО: Лидерите на албанските партии во Македонија на средба со Рама

Лидерите на ДУИ, ДПА, Дижењето за реформи во ДПА, Националната демократска преродба и Движењето БЕСА, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Сеља, Весел Мемеди и Билал Касами во Подградец се сретнаа со албанскиот премиер Еди Рама.

На средбата присуствувале и претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, како и министерот за надвроешни работи Дитмир Бушати, а фотографиите од средбата албанскиот претседател ги сподели на неговиот Фејсбук профил.

rama_ahmeti

Партиски извори наведуваат дека Рама имал одвоени средби со Ахмети и со Тачи со кои разговарал за состојбата во Македонија и унифицирање на албанскиот политички фактор во Македонија. При тоа им ветил дека не подржува формирање нови политички партии на Албанците во Македонија.

– Лидерот на ДУИ Мендух Тачи мислел дека се поканети само тој и Ахмети, но кога ги видел и другите си заминал. И покрај настојувањето на албанскиот премиер, тој не останал на ручекот, пренесува порталот „Шења“.

фото: Facebook