ФОТО: Лидерот на антиисламското движење ПЕГИДА го имитира Хитлер

Луч Бачман (41), лидерот на растечкото антисламско движење ПЕГИДА објави фотографија на која во голема мера потсеќа на Адолф Хитлер.

Фотографијата мошне брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика најразлични коментари, поради што самиот Бачман на крај самиот ја избриша.

И додека некои тврдат дека Бачман само се пошегувал со неговиот фризер, други сметаат дека дури и ако станува збор само за шега, лидерот на антиисламското движење не смеел да си дозволи таков испад, а уште помалку фотографијата да ја сподели на социјалните мрежи. До фотографијата тој имал ставено коментар „Се врати“.

Бачман даде кратка изјава за весникот „Билд“:

– Се фотографирав кај фризерот, поводот беше фотографирањето за аудио изданието на сатиричниот роман „Се врати“. Мора да имате помалку смисла за хумор и понекогаш да се насмеете на сопствена сметка, изјави лидерот на ПЕГИДА.