ФОТО: Лили Роуз Деп во одбрана на татко и’

Светот остана во шок откако се појави веста дека еден од најголемите холивудски актери за кого женската популација воздивнува, Џони Деп ја претепал неговата сопруга Ембер Херд.

Тој настан, наводно била капката што ја прелеала чашата па Ембер поднела барање за развод, но побара и забрана за приоѓање.

Седумнаесет годишната ќерка на актерот Лили Роуз Деп, застана во одбрана на нејзиниот татко. Таа на Инстаграм објави фотографија од детството на која е заедно со татко и’ Џони за кого вели дека е „најпрекрасната личност полна со љубов“.

Тој беше најдобар татко за мене и за мојот брат и секој што го познава ќе го каже истото, стои меѓу останатото во коментарот до фотографијата.

Исто така, Лили на Инстаграм ја објави изјавата од полицијата за магазинот „Пипл“ во која стои дека полицијата дошла во домот на Деп по наводниот инцидент, но дека немало никакви траги на насилство, а дека Ембер Херд рекла дека нема што да пријави.

Исто така, од полицијата најавуваат дека „ако имало било какви траги на насилство, полицијата веднаш ќе покренела истрага, без оглед на тврдењата на Херд“.