Магазин

Фото: Лима го покажа новото момче

Фото: Лима го покажа новото момче

Мегапопуларната топ-моделка Адријана Лима, по разводот со српскиот кошаркар Марко Јариќ за прв пат во јавност се појави со новото момче.

Папараците пред неколку дена ја забележале Лима како се шета низ трговски центар во Мајами држејќи се за рака со засега непознат маж.

Иако по разводот со Јариќ во мај минатата година, бразилската манекенка ја поврзуваа со многу познати личности, ова е прва фотографија на која таа отворено покажува интимност со некој.

Лима и Јариќ имаат две ќерки, а беа во брак пет години.

lima1

lima2

lima3