ФОТО: Лима има ново момче

Прекрасната Андријана Лима, пред неколку месеци ја прекина едногодишната врска со Џо Томас. Сега зборува дека утеха најде во прегратките синот на Клинт Иствуд, Скот, но нејзиниот портпарол одлучи да ги негира гласините.

Но, славниот “Ангел” не тажеше долго време. Утехата сега ја најде во телевизискиот и радио водител, 41 годишниот Рајан Сикрест.

lima1

Парот неодамна е виден на романтична вечера во Њујорк, а наводно се почнало во текот на Олимписките игри во Рио. Но, 35 годишната Бразилка и 6 години постариот Рајан продолжија да се дружат и по враќањето во Америка.

lima2

За време на топлите денови во Бразил, Андријана објави фотографии со Рајан и својата колешка Алесандра Амбросио. Но, до претходниот викенд, никој не знаеше дека меѓу нив има нешто повеќе.

Лима претходно беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кој има две ќерки.