ФОТО: Љубов без граници: Заврши триатлон носејќи го неподвижниот брат

Братската љубов не познава граници. Тоа го докажа и осумгодишниот Ноа Олдриџ кој кога дознал дека во неговиот град се организира мини-триатлон за млади лица, без двоумење решил да учествува, но под услов да го поведе со себе својот неподвижен брат Лукас.

„Ми рече: Мамо, сакам да го направам ова со брат ми. Така се роди идејата и следниот ден започнавме да тренираме“ – изјавила мајката на неразделните браќа.

1

Лукас е роден со ретка здравствена состојба поради која никогаш нема да може да се движи, да зборува или да се храни сам. Сепак, тоа не е пречка за браќата да не се забавуваат заедно.

2

„Ми се допаѓа сè поврзано со него. Тој е совршен“ – изјавил Ноа за неговиот брат.

Семејството Олдриџ признава дека Лукас е најсреќен кога ќе го види својот брат.

4

„Тие имаат специјална врска. Лукас се развеселува кога неговиот брат ќе влезе во собата. Љубовта меѓу овие две момчиња ќе ви стави насмевка на лицето“ – изјавил таткото на момчињата, кој со својата сопруга се труди да му овозможи на Лукас „живот без граници“.

Инспиративниот Ноа успеал да ја измине патеката за 54 минути, но насмевката на лицето на Лукас траела со часови.