среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

ФОТО: „Лос Анџелес Тајмс“  со статија посветена на убавините на Македонија

„Лос Анџелес Тајмс“ објави и 18 фотографии во боја со убавините на Македонија, а на насловната се најде фотографијата од црквата Св.Јован Канео од Охрид.

la-times-sv-joban-kaneo-ohrid

Поврзани вести

Истражете ги пештерите. Прошетајте по тврдините од 6-ти век. Уживајте во свежа риба. Задоволствата од недоволно истражената Македонија. Вака започнува текстот посветен на убавините на Македонија објавен во престижниот весник во САД „Лос Анџелес Тајмс“.

Македонија, копнената балканска земја, која се наоѓа помеѓу Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Косово, е едно од најубавите изненадувања на Европа, се вели во текстот што се најде и во печатеното, но и во електронското издание на весникот.

la-times-2

Беше дел од Југославија до независноста во 1991 година, тоа е местото каде се мешале цивилизациите  на раскрсни цата помеѓу Истокот и Западот. Со многу планини и спектакуларни реки, врвови и национални паркови, а исто така е  богата со културни остатоци од долгата, турбулентна историја од инвазиите и окупациите од страна на Персијците, Римјаните и Отоманите, додава весникот.

la-times

По  воведот во кој накратко се дава увид во историјата на земјата, статијата се свртува кон поголем број туристички места, како Националниот парк Маврово, Скопје, Матка, Охрид…

Покрај ова „Лос Анџелес Тајмс“ објави и 18 фотографии во боја со убавините на Македонија, а на насловната се најде фотографијата од црквата Св.Јован Канео од Охрид.

Најчитани вести