ФОТО: Македонците главни во Доха

Втор пат на завршницата на IHF Суперглоб Македонците беа главни на и околу теренот.Нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров по трет пат стана светски клупски првак, што од нашата земја претходно не му успеало на ниту еден ракометар.

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски како круна на нивната одлична интернационална кариера, водеа финале на светско клупско првенство. И не само што го водеа завршниот натпревар, туку тоа го направија и без ниту една грешка.

Драган Начевски како и на останатите големи турнири, беше делегат на многу натпревари и на овој IHF Суперглоб, вклучувајќи го и финалето меѓу Барселона и Ал Саад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.